СПМ: Гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека гласањето на 8 мај е пресудно за иднината на државата и народот во Македонија.
Народот е обединет и после 7 години бара оваа криминална влада да си оди и да бидат казнети сите кои се огрешиле од законот.
Коалицијата „Твоја Македонија“ ја започна трансформацијата на Македонија кон стабилна, транспарентна и просперитетна земја.
Со Коалицијата може да се запрат негативностите во државата што ги создадоа СДС и ДУИ. Криминалците и мафијата од овие партии мора да бидат отстранети и казнети.
Нервозата кај СДС и ДУИ се менува во страв и агресија, со закани и навреди кон Коалицијата, со лаги и клевети да го одвратат и одбијат народот да гласа за својата иднина.
Антивладиниот бран расте и се зголемува се повеќе. Тој бран јакне како отпор што носи промени за слобода и правда и за шанси за државата да се движи кон европскиот пат.
Прогарамата 1198 на Коалицијата е програма од народот која ги содржи сите негови барања и тие ветувања сигурно ќе бидат реализирани како одговор на нараснатите проблеми на граѓаните и за иднината на младите.
Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека народот со масовна поддршка и само со гласање за кандидатите на Коалицијата „Твоја Македoнија“ ќе ја обезбеди стабилноста, иднината и просперитетот на државата.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
