Список на сите актери кои го играа познатиот Џејмс Бонд
Британскиот актер Даниел Крејг го игра познатиот Џејмс Бонд во филмот „Спектра“ и тој е шеста ѕвезда која го игра ликот на познатиот агент 007 повеќе од половина век од кога се појави првиот филм.
Ова е списокот на сите актери кои ја изговориле реченицата „I am Bond, James Bond“. Прв е Шон Конери кој играше во следните филмови: Dr. No (1962), From Russia with Love (1963), Goldfinger (1964), Thunderball (1965), You Only Live Twice (1967), Diamonds Are Forever (1971).
Тој, исто така, играше и во остварувањето од 1983 година „Never Say Never Again“ кој не беше дел од официјалната франшиза.
Џорџ Лезенбај се појави само еднаш и тоа во фиомот „On Her Majesty's Secret Service“ во 1969 година.
Следниот Бонд беше Роџер Мур и тоа во филмовите: Live and Let Die (1973), The Man with the Golden Gun (1974), The Spy Who Loved Me (1977), Moonraker (1979), For Your Eyes Only (1981), Ovtopussy (1983) i A View to a Kill (1985).
Филмовите „The Living Daylinghts“ од 1987 и „Licence to Kill“ од 1989 година ги одбележа Тимоти Далтон, а Пирс Броснан во остварувањето „Golden Eye“ (1995), „Tomorrow Never Dies“ (1997) и „Die Another Day“ од 2002 година. Даниел Крејг покрај „Спектра“ играше и во „Casino Royale“ 2006, „Quantum of Solce“ 2008 и во „Skyfall“ 2012 година.
Бери Нелсон и Дејвид Нивен исто така го играа познатиот британски таен агент во 1954 и 1967 година, но во неофицијални филмови.
Ново на Сител
-
Од понеделник локален дожд и врнежи снег на планините
-
Протестен марш во Нови Сад „4.000 наставници, 4.000 чекори“
-
ЦУК: Во општините проодни скоро сите патни правци, се дочистуваат локалните земјени патишта
-
Прегазен 17-годишник во Битола, возачот побегнал
-
Охрид подготвен за чествување на Богојавленскиот водосвет
-
Павле Атанасијевиќ: И покрај поразот од Холандија, горд сум на нашата репрезентација
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици
-
Лазаревски: Иако се подготвуваме за нивната игра, тешко беше да се спречи транзицијата на Холандија