Спектакуларна победа на Бобан Илиоски со нокаут во првата рунда на WAKO PRO
Бобан Илиоски вчеравечер на WAKO PRO турнирот емитуван во живо на Арена Фигхт Хигхт го победи Месуд Селимовиќ од Босна и Херцеговина со прекин во првата рунда.
Тренерот на Бобан а воедно и претседателот на Кик Бокс Маи Таи федерацијата на Македонија Дејан Митровски Урко ни прати изјава дека Бобан прикажа борба во својот офанзивен стил кој нему му лежи и влезе во рингот самоуверен дека ќе победи. На противникот му направи таква пресија што тој воопшто не можеше да возврати ниту еден удар така што Боби ја доби борбата во првата рунда со нокаут со колено во глава.
Боби секојдневно напорно тренира откажувајќи се од сите други задоволства посветен е само на тренинзите. Во периодов ги прифаќаме сите понудени борби како би се подготвил за престојното Светско WAKO првенство што ни претстои оваа година, која светската титула веќе 3 години по ред за влакно ни бега, но оваа година ја има зацртано да ја освои.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица