Спејс Икс ќе лансира сателит на Месечината финансиран со доџкоин
Компанијата Спејс Икс (SpaceX) ќе лансира сателит во орбитата на Месечината во 2022 година, кој ќе биде целосно финансиран со криптовалутата доџкоин, објави сопственикот на компанијата, американскиот милијардер илон Маск.
„Спејс Икс” ќе го лансира сателитот Доџ-1 на Месечината следната година, а мисијата е финансирана со доџкоин”, напиша Маск на Твитер.
На веб-страницата на канадската компанија Геометриска енергетска корпорација (ГЕЦ), која е сопственик на сателитот, е наведено дека тој ќе биде лансиран во првиот квартал од 2022 година со помош на ракетата-носач „Фалкон 9″.
Сателитот ќе го испрати компанијата со помош на комерцијална програма за лансирање свемирски летала понудена од „Спејс икс”. Вредноста не е објавена.
На почетокот на април, Маск објави на Твитер дека „Спејс икс” буквално ќе испрати доџкоин на Месечината, но тогаш тој не објасни што точно мисли.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот