Родителите, во февруари го одвеле детето на лекар во момент кога имало покачена температура. И покрај советите на лекарите детето да го одведат во болница, тие не го направиле тоа зошто привремено му се спуштила температурата. На докторот му рекле дека не го вакцинирале синот, а тој ги повикал надлежните кога дознал дека детето не е однесено во болница.
Адвокатот Кели Таусенд, која лобирала за закон со кој ќе му се оневозможи на Центарот за социјална работа да добие налог за претрес за да го одземат детето од родителите во ситуација која не е вонредна, остро го осудила инцидентот.