СПЦ не дозволува прослава на Илинден во манастирот „Прохор Пчињски“
Патријархот Иринеј и Синодот на Српската православна црква нема да дозволат официјална делегација на Македонија предводена од премиерот Зоран Заев да го посети манастирот „Прохор Пчињски“ по повод одбележувањето на Илинден кој е еден од најголемите празници во Република Македонија, пишува денеска српскиот весник „Ало“.
- Патријархот Иринеј е изричито против. Се додека не се поправи статусот на СПЦ и нејзините свештеници во Македонија нема разговори за можноста да се дозволи која било делегација од Скопје да посети манастир во Србија и таму да ги одбележува Илинденското востание и Денот на државноста на Македонија. Самиот патријарх Иринеј и Патријаршијата повеќепати бараа од македонските власти да се направи нешто во врска со прашањето на српските свештеници во Македонија, но секогаш наидуваа на ѕид од државните институции, вели извор од СПЦ за „Ало“.
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ во изјава за весникот вели дека прашањето дали на Македонија ќе и се одобри прослава во манастир на територијата на Србија, зависи исклучиво од СПЦ.
- Република Македонија секоја година се обраќа до нас со барање за одржување прослава. Ние како Министерство и Влада тоа барање го проследуваме до Српската православна црква, но тие главно воопшто не одговараат. Тоа е така бидејќи станува збор за манастир кој е сопственост на СПЦ поради што тие мора да се согласат во врска со ова прашање, истакнува Дачиќ.
„Ало“ ја пренесува и изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дадена вчера во Сараево дека Србија е голем пријател на Македонија и оти се надева на натамошно унапредување на билатералните односи. Заев рече дека се уште не е добиен одговор од српските власти на барањето македонската Влада да се дозволи одбележување на најголемиот македонски празник Илинден во манастирот „Прохор Пчињски“, оти се надева дека ќе биде добиено одобрување, но и да не се случи тоа Скопје нема да се налути.
Ново на Сител
-
Притвор за скопјанец, пронајден е кокаин
-
Предистрага поради сомненија за загадување на животната средина по пожарот во Визбегово
-
Лишени од слобода возачи во Македонски Брод и Македонска Каменица, управувале возила под дејство на алкохол
-
Мицкоски очекува успешна сезона за лозарите
-
Индиректните преговори за прекин на огнот во Газа попречени од израелскиот план за повлекување
-
Синот на нарко-босот Ел Чапо се изјасни за виновен пред американски суд во замена за полесна казна
-
Мицкоски за обвинувањата на Арсовска: Државата има институции, ги повикувам да постапуваат
-
ФЗО се враќа на стариот концепт, ќе има само еден директор