Македонија
11. May 2022 - 21:15

СПЦ и БПЦ молчат по одлуката на Цариград за канонското единство со МПЦ - што велат аналитичарите?

Одлуката од Цариград предизвика големо внимание во српската и бугарската јавност со оглед дека македонската црква ќе го носи името Охридска архиепископија. Официјален коментар се уште нема ниту од бугарската ниту од српската патријаршија. Познавачите од Бугарија сметаат дека ова признавање не би требало да и пречи на БПЦ бидејќи и таа може да се повикува на континиуитет на охридската аргхиепископија. Теологот Горан Благоев потенцира дека шансата БПЦ да стане црква мајка ја пропуштила во 2017г кога не ја примила подадената рака да ја признае МПЦ.

Благоев смета дека сега БПЦ треба да покаже добра волја и да биде една од првите со која ќе сослужуваат македонските архиерии.

Тој смета дека сега претстои долг пат со многу препреки кои ќе треба да се  решат кон конечна автокефалност на МПЦ ОА. За разлика од бугарската јавност, во Србија признавањето од вселенската патријаршија се смета за удар врз црквата, додека СПЦ молчи. Експертите велат дека оваа одлука од Цариград нема да добие поддршка од мнозинството православни цркви.

Синодот на МПЦ најави дека разговорите со СПЦ продолжуваат во позитивна насока но подалеку од очите на јавноста. Тие се оптимисти и велат сме блиску до добивање автокефалност. Во недела ќе почне Собор во Сремски Карловац каде најверојатно ќе се зборува за прашањето со МПЦ.