Спасувањето на мечката во Брајчино - драма во планина, храброст на дел
Во несекојдневна ситуација што се одиграла во близина на манастирот Св. Петка кај селото Брајчино, мечка била фатена во пранга, но благодарение на брзата реакција на тимот составен од ветеринарите Перо Стојчевски од Ресен и Александар Алексов од Битола, како и концесионерот на ловиштето ВОЛФ ДОО, вработените во националниот парк „Пелистер“ Јонче и Трајче и полицијата, животното било успешно ослободено. Сцената, која личела на сцена од документарен филм за див свет, барала прецизност, храброст и одлична координација меѓу спасувачите, бидејќи мечката била во видна агонија.
Ветеринарот Стојчевски, кој веќе има искуство со вакви предизвици, истакнува дека ова е третпат како учествува во акција за спасување на диво животно во слични услови. На прашањето дали некогаш се двоуми кога станува збор за вакви интервенции, Стојчевски категорично одговара:
„Не. Во тие моменти не размислувам за себе – мислам само на животното кое страда и на тоа како можеме најбрзо и најбезбедно да помогнеме.“
За него, ова не е само професија, туку мисија – да го заштити и зачува дивиот свет, дури и кога тоа значи директно соочување со животни што предизвикуваат стравопочит.
Ново на Сител
-
Во Радовиш приведени две лица сторители на 14 тешки кражби
-
Во Битола затекнати 23, а во Охрид шест малолетници после 24:00 часот
-
66-годишник во инвалидска количка повреден од автобус на улица во Струга
-
60-годишник со возило „Форд“ излетал надвор од патот, возачот починал на местото на настанот
-
Приведен 36-годишник од Крива Паланка, управувал возило со 1,58 промили алкохол во крвта
-
Двајца загинати и 31 повреден во судар на автобус и автомобил на автопат во Хрватска
-
Британската полиција уапси осум мажи осомничени за терористички активности
-
Мицкоски најави нова милионска инвестиција со повеќе од 200 вработени