Свет
21. September 2017 - 19:28

Спасувачите во трка со времето - под урнатините се уште има преживеани

Два дена по разорниот земјотрес во Мексико, под урнатините сеуште има преживеани, меѓу кои и деца.

Спасувачките екипи и обични граѓани вложуваат максимални напори да стигнат до нив.

Во потресот загинаа најмалку 230 луѓе.

Над 20 од жртвите се деца. Претседателот Нието прогласи тридневна жалост.