Осум рудари, 10 спасувачи и осум пожарникари ќе учествуваат во последниот чекор од акцијата. Кооридинаторот на спасувањето Анхел Гарсија Видал тврди дека ќе им биде потребно најмалку 24 часа за да дојдат до детето.
Инженеите минатата недела ископаа земја за да направат паралелен отвор длабок 60 метри, пред да тргнат во копање на хоризонтален тунел долг 4 метри меѓу тие две дупки. Се надевале дека би можеле да поминат низ тунелот во потрага по Хулен но поради технички проблеми на длабочина од 40 метри тоа било невозможно. Дупката во која сакале да ја пикнат цевката била претесна па морале д аја прошират.
„Сега гледаме малку светло, се чувствуваме мртви, но се надеваме дека нашиот ангел, нашето дете ќе се врати живо“, рече таткото Хосе (29) пред неколку дена.