Спасовски: За предметот на украинскиот државјанин решаваше Владата
– Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека украинскиот политичар добил позитивна проверка за добивање македонско државјанство од четири институции и оти Владата, која има дискрециско право, донела одлука да му се даде државјанство.
-Добивање државјанство по член 11 од Законот за државјанство, значи не е државјанство кое што го донесува МВР, туку Владата. МВР практично ги прибира сите документи. Станува збор за предмет којшто добил позитивни оцени од четири релевантни институции во државата. На крајот се носи на Влада, Владата има дискрециско право да даде или да одбие државјанство на кој било, којшто аплицирал во овој дел. Сите проверки кои што се од сите четири институиции се позитивни, рече Спасовски.
Според него, позитивно мислење за добивање државјанство во конкретниов случај дале Агенцијата за национална безбедност, Македонскиот олимписки комитет и Агенцијата за млади и спорт.
Запрашан за меѓународната потерница по него, рече дека меѓународната потерницата не е само кај нас, односно кога се распишува, се распишува на Интеропол и таа важи за цел свет.
-Јас кажувам какви се документите. Не може да одговараме и да правиме констатации, перцепции во јавноста на шпекулации. Треба да ги правиме врз основа на документи. Документите коишто биле доставени, се направени од релевантни институции и тие биле позитивни. Ако беа негативни ќе ви кажев дека се негативни, меѓутоа се позитивни, рече Спасовски.
Ново на Сител
-
Ристески: Покачувањето на плата на јавната администрација треба да биде во контекст со подобрување на економската состојба во Македонија
-
Ме боли кога луѓе кои не ме знаат зборуваат невистини за мене | Давид Давидовски | Sitel Podcast 078
-
Германскиот кабинет планира да и дозволи на армијата да соборува нелегални беспилотни летала
-
Врнежи од снег со слаб интензитет во Кичево, Пресека и Буково, активни забрани за тешки возила на неколку правци
-
Мицотакис преку писмо до Фон дер Лајен бара да се најдат брзи решенија за цените на енергијата во ЕУ
-
Утре завршува новогодишната кошничка
-
Знамето со сонцето од Кутлеш забрането на СП во ракомет во Хрватска
-
23-годишна мајка од гостиварско ја малтретирала својата поќерка