Спасовски: Вонредната состојба е можност за брзо и ефикасно спроведување на мерките за превенција и заштита

Во вонредна состојба државата и општеството продолжуваат да функционираат, а правата и слободите не се ограничуваат по автоматизам, истакнува премиерот Оливер Спасовски во објавата на Фејсбук. Посочува дека вонредната состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски ѝ дава можности на Владата да обезбеди услови за брзо и ефикасно спроведување на мерките за превенција и заштита на здравствената состојба на граѓаните, како и услови за стопанството и економијата нормално да функционираат.
– Оваа одлука не значи никаков застој во слободниот транспорт, ниту во делот на прехранбените потреби на граѓаните, ниту во делот на снабдувањето на болниците и аптеките. Утре сѐ продолжува да функционера во секојдневниот живот исто како и денес.
Нема одлука за нови рестрикции во движењето и извршувањето на професионалните обврски на граѓаните. Исклучок од ова, сега за сега, се само подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, бидејќи тие региони се утврдени жаришта на вирусот и таму имаме кризна состојба. Ќе направиме сѐ оваа состојба колку што може побргу да се смени на подобро.
Остануваат мерките со кои се забранети сите јавни собири на отворено и во затворени објекти. Сега ќе се засилат контролите спроведувањето на овие мерки за доброто на граѓаните.
За секоја нова одлука што ќе се носи и што ќе биде поврзана со вонредната состојба јавност ќе биде информирана на редовна дневна основа, а за спроведување на тие одлуки ќе бидат донесени соодветни упатства и врз основа на тоа ќе биде многу јасно кој и како треба да се однесува.
Какви одлуки ќе се носат, ќе зависи од сите нас. Од тоа како се однесуваме. Ако почитуваме мерки, ако ги следиме препораките, за заштитата на нашите семејства и за наша лична заштита и за заштита на околината во која живееме, тогаш ќе поминеме многу полесно, порачува премиерот Оливер Спасовски
Ново на Сител
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
-

Поевтинување на горивата од полноќ - ова се новите цени
