Спасовски упати телеграма со сочувство за смртта на легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски Буштур
Премиерот Оливер Спасовски упати телеграма со сочувство до семејството на Благоја Георгиевски Буштур, кој синоќа го загуби животот во сообраќајна несреќа.
– Со загубата на великанот на македонската и на некогашната југословенска кошарка, останува голема празнина зашто замина спортист и личност која беше пример и инспирација за младите спортисти и за развојот на спортот во нашата земја“, пишува до семејството Георгиевски премиерот Спасовски.
Претседателот на Владата истакнува дека ништо нема да може да го надомести неговото отсуство, но ќе останат големите европски, светски и олимписки највисоки признанија со кои Благоја Георгиевски Буштур беше наградуван за врвните остварувања во кошарката. Благоја Георгиевски Буштур со своето ентузијастичко учество даде огромен придонес и во работата на Македонската кошаркарска федерација и Македонскиот олимписки комитет.
– Ништо не може да ја надомести загубата со која се соочивте. Во овие моменти на жалост, од мое лично име и во име на Владата на Република Македонија, дозволете да изразам искрено сочувство за големата загуба на Вашето семејство и да Ви упатам поддршка во овие тешки моменти, пишува во телеграмата до семејството на Благоја Георгиевски Буштур што ја испрати претседателот на Владата, Оливер Спасовски.
Ново на Сител
-
САД прекинаа да испорачуваат оружје за украинската армија, изјави Костенко
-
Утрово насекаде минусни температури, најстудено во Берово -14 степени
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
-
ДКСК избира заменик претседател, членовите ќе постапуваат и по конкретни предмети
-
Зеленски: Разговорите со американскиот пратеник ја вратија надежта за договор со САД
-
Нетанјаху најави „интензивни операции“ на Западениот брег по нападите во близина на Тел Авив
-
Рубио: Трамп и Путин ќе се сретнат само ако има напредок за крај на војната во Украина
-
Ведро и многу студено, минусни утрински температури