Спасовски: УБК нема преземено никакви активности против која било држава или амбасада
Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) нема преземено никакви активности коишто се против која било држава или која било амбасада во Република Македонија, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со неодамнешното повлекување на вработените од српската Амбасада во Скопје, министерот Спасовски нагласи дека во овој дел немаат апсолутно никакви активности коишто може да ја компромитираат УБК или Министерството за внатрешни работи.
Во врска со настаните од 27 април кога се случи упадот во македонското Собрание и можната инволивираност на припадници на МВР, министерот Спасовски рече дека со сите можни капацитети се насочени кон истрагата и оти очекува и од Јавното обвинителство да биде одлучно во однос на постапките против лицата кои извршија упад во Парламентот.
- Се водат и внатрешни и дисциплински постапки против повеќе припадници на МВР и на УБК и тоа е од исклучителна важност и врвен приоритет за нас за да се справиме со оваа состојба. Очекувам дека и Јавното обвинителство, посебно Одделот за организиран криминал, ќе бидат одлучни во однос на постапките против лицата кои извршија упад на 27 април во Собранието се со цел да убијат дел од пратениците, рече Спасовски.
Според него, важно е да се спроведе целосна истрага за настаните од 27 април за да се врати кредибилитетот и довербата во институциите.
Ново на Сител
-
АЦВ за снимањето со дронови при вчерашните собири: Прекршувањето на правилата под изговор „не сме знаеле” е неприфатливо
-
На студентските собири на УКИМ донирани 415.724 денари, УСС ги уплатил на сметката на Црвен крст
-
Во Шведска транспортирани двајца повредени во пожарот во Кочани
-
Двајца од хоспитализираните во Бугарија се екстубирани, еден е на маска за кислород, а останатите се во тешка, но стабилна состојба
-
„Требаше да наполни 25 години, кoj ќе ми го врати мојот син“, потресно обраќање на татко чиј син загина во „Пулс“
-
Со мирен марш струшките средношколци им оддадоа почит на жртвите во Кочани
-
Клековски: Згрижувањето на пациентите од пожарот во „Пулс“ е завршено, од утре се фокусираме на планирањето на следните чекори
-
Приведени седум полицајци кои помогнале „Пулс“ да се стекне со лиценца