Спасовски: Транспарентноста на МВР за 2022 година изнесува 91,7 проценти

Активната транспарентност на Министерството за внатрешни работи од просечни 59,5 проценти во 2016 година, денес во 2022 година изнесува високи 91,7 отсто, што е скок за 32,2 проценти, што заедно со мојот тим успеавме да го издејствуваме откако го преземав раководењето со МВР, напиша во објава на Фејсбук министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Од почетокот на рангирањето во 2016 година до денес, тој вели дека институцијата поминала три нивоа, односно од крајно затворена институција до многу добра активна транспарентност.
– Продолжуваме со создавање отворена, отчетна и транспарентна институција пред граѓаните, преку активна соработка со медиумите – вистински одраз на внатрешната политика на Министерството во насока на градење на довербата помеѓу граѓаните и полицијата, порача Спасовски.
Ново на Сител
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Пожарникарите бараат измени во законот
-
Парламентот ги констатираше оставките на Таравари, Беџети и Исмаили
-
Премиерот потврди: Здравство останува во Вреди
-
Дали ќе има независни кандидати на локалните избори? Уставен ги укина спорните одредби на изборниот законик
-
Уставен суд: Скандал е поништениот избор за уставен судија
-
Дел од Македонија повторно без струја