Спасовски сигурен за битката за уште еден мандат

Заменик-претседателот на Владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната акција „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ прашан дали тој ќе биде технички премиер по 3 јануари и дали е подготвен за таа позиција, посочи дека одлуката што ќе ја донесе СДСМ треба да се почитува, истакнувајќи дека тој ќе биде во битката за освојување на уште еден мандат.
– Јас сум посветен и овие 20 дена сакам да ги одработам максимално посветено на проектите на Министерството за внатрешни работи и напоменав дека одлуките во однос на технички премиер, идна Влада и така натаму, ќе ги разговараат партиските органи и тела, а какви и одлука да донесат, тоа е одлука која треба да се почитува, нагласи Спасовски.
Министерот посочи дека тој што размислува само на која позиција ќе оди, не треба воопшто да биде на ниедна од позициите.
– За мене е многу поважен интересот на граѓаните на Македонија, Македонија како држава, отколку каде јас ќе бидам по 3 јануари. Јас сакам максимално посветено добро да ја завршам работата, како што почнав во Министерството за внатрешни работи, а понатаму од 3 јануари знам едно сигурно дека ќе бидам во битката за освојување на уште еден мандат, потенцираше Спасовски.
Ново на Сител
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование
-

Вечерва Хозе Карерас во Скопје
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
