Спасовски: Шпекулации се информациите за туби со гориво во автобусот на „Беса Транс“
Шпекулациите во јавноста за туби со бензин, пиротехника и така натаму само штетат на истрагата, не помагаат. Според моите сознанија, коишто ги имам, воопшто не станува збор за туби со бензин коишто можат да бидат причина за несреќата, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјава за бугарската БТВ.
Тој додаде дека длабоко верува во истражните органи на Бугарија.
– Оставаме истрагата да ги утврди сите факти и секако најрелеватните податоци треба да дојдат од државните органи на Бугарија. Ние треба да ја утврдиме причината за сообраќајната незгода, дали е тоа од човечки фактор или е некаков технички пропуст на возилото, наведе Спасовски.
Министерот Спасовски посочи дека Царинската управа вчера презема активности во однос на расчистување на постапките, при што двајца цариници се суспендирани и спроведена е дисциплинска одговорност за раководителот.
– Потребна е детална истрага и кривична одговорност за секој еден кој учествувал во вакви дејствија, додава Спасовски.
Ново на Сител
-
Пронајден труп на местото каде се гради Мега паркот во Штип
-
При претрес во Тетово пронајдена дрога | ФОТО
-
Директорот на ФБИ нареди големо прераспоредување на персоналот
-
МЖСПП: Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство
-
Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје
-
УЈП: Крајниот рок за ДДВ-04 пријавите е 25 февруари, до вчера поднесени само 25 отсто од вкупниот број
-
Ватикан: Папата Франциск имаше мирна ноќ
-
САД, наспроти европската, ќе предложат резолуција на ОН за војната во Украина