Спасовски: Секој треба да биде солидарен со цел средства за дезинфекција да има за секого
Производството на средства за дезинфекција се прави и тука во државава. Факт е дека има зголемена побарувачка во овој момент. Производството на ваквите продукти се одвива и во текот на вчерашниот ден имаше дистрибуција по аптеките во Скопје и во другите градови.
Ова денеска на прес-конференција во Владата го истакна премиерот Оливер Спасовски, кој рече дека генерално и граѓаните кога ќе има одредена количина од овие средства купуваат по десет, 20 парчиња. Според него, секој треба да биде солидарен во овој момент и да се однесуваме одговорно со цел средства за дезинфекција да има за секого.
– Министерството за здравство врши набавка за потребите. Преземавме целосно дезинфекција на сите училишта, градинки, тоа ќе го направат службите на центарите за јавно здравје преку Министерството за здравство. Ги обезбедивме сите училишта претходно со средства за дезинфекција. Тоа што е потребно го правиме сега за обезбедување на сите можни средства и се врши дезинфекција на територијата на општините Центар Жупа и Дебар преку Дирекцијата за заштита и спасување. Се што има потреба, се што можеме ќе направиме во рамките на можностите. Сега засега нема загриженост за состојбата во овој дел, но да бидеме ирационални и одговорни во однос на тоа што го бараме, истакна Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање.
Ново на Сител
-
Намален бројот на превезени патници во патниот сообраќај во првиот квартал
-
Денеска и утре нестабилно со пороен дожд
-
Почина 32-годишник, излетал од патот со автомобил
-
Општина Карпош демантира дека издала одобрение за забавниот парк кај „Борис Трајковски“
-
ССМ: Синдикална минимална кошница за мај 60.090 денари
-
Уапсени седум педофили во Србија, во становите пронајден детски порнографски материјал
-
Русија ги обвини САД дека сакаат да распоредат оружје во вселената
-
ОЈО отвори истрага против врховниот судија Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители Мемети