Спасовски: Се вештачи оружјето поврзано со двојното убиство, споделувањето повеќе информации не е добро за истрагата
Во тек е вештачењето на двете парчиња огнено оружје, кои се најдени и се поврзуваат со двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Кога ќе заврши нивното вештачење, анализите ќе бидат доставени до Основното јавно обвинителство, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој одговараше на новинарски прашања по посетата на СВР-Куманово.
-Сите тие информации, како и вештачењата ќе бидат доставени до јавното обвинителство, во моментот кога ќе бидат завршени, изјави Спасовски.
Прашан дали може попрецизно да се лоцира и да се дадат детали каде било возилото на убиениот Панче Жежовски, а потоа со него е и извршено грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, Спасовски со одговор дека со поднесувањето на кривичните пријави целосната истрага оди во ОЈО.
-Сите овие детали се разгледуваат во Основното јавно обвинителство на основа на приберените податоци или на податоци, коишто ќе ги прибере јавното обвинителство. Така да не би можел да споделувам повеќе информации и тоа не е добро за истрагата, зошто не можеме да ја водиме во медиумите. Таа мора да се води во јавното обвинителство, вели Спасовски.
Што се однесува за информацијата дека инспектор кој е поврзан со истрагата за двојното убиство дал информации и фотографии, кои се шират низ Скопје, а истите можат и да и попречат на истрагата, Спасовски рече дека во овој период јавноста се изнаслуша на многу информации, шпекулации, политиканства.
-Затоа уште повеќе го потврдувам дека тоа не е добро, за било каква активност којашто е нелегална и од било кого, дали е инспектор или било кој друг, секако дека ќе си сноси одговорност, доколку постои такво нешто. Меѓутоа не би сакал на ниво на шпекулации, посебно за еден ваков случај да зборувам, рече Спасовски.
Прашан за информациите за случајот со двојното убиство коишто можат да бидат во полза на првоосомничениот Љупчо Палевски да не се екстрадира од Турција, Спасовски вели дека токму и претходното го кажал во оваа насока и какошто вели, кога е во истрага сите шпекулации и се што ќе се изнесе во јавноста само може да штети на истрагата.
Прашан за коментар за изјавата на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека тој нема да има мир, додека е жив Мицкоски. Спасовски кусо одговори дека му посакува долг живот на Мицкоски.
Ново на Сител
-
Четворица обвинети за инцидентот со пукање со пиштол во Чаир во кој едно лице беше рането
-
Судењето за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 27 јануари
-
Косовец се обидел да пренесе 48.000 пара чорапи преку Блаце
-
37-годишник загина во пожар во сопствената куќа во Делчево
-
Скопје без парно, родители добиваат повик да си ги земат децата од училиштата и градинките
-
„Не апсеа и казнуваа по 173 евра за знамето со сонцето од Кутлеш“, сведоштва на македонски навивачи во Вараждин
-
Поскапуваат горивата
-
Вонредна инспекција во прилепската болница по смртта на новороденчињата близначиња