Македонија
22. November 2017 - 18:23

Спасовски се сретна со претставници на Гранскиот независен синдикат на полицијата

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претставници на Гранскиот независен синдикат на полицијата и на полицајци приправници од генерацијата 2015/16 година денеска на средба разговарале за, како што соопшти ресорното Министерство, најгорливите теми што ги тангираат овие категории.

Разговарано е за проблемот со квалитетот и снабденоста со униформи на полицијата распоредувањето на полицајците приправници подалеку од местата на живеење, како и за прашања од областа на организациското распоредување и интерно конкурирање, приправничкиот стаж...

- Министерот Спасовски во оваа прилика, истакнувајќи ја  својата и отвореноста на неговиот кабинет за разговори со претставниците на синдикатот, како и генерално со вработените околу сите отворени прашања, нагласи дека внимателно ќе бидат разгледани изнесените проблеми и согласно важечките законски прописи, потреби и планови на Министерството ќе се бараат најоптималните решенија во заеднички интерес и на вработените и на институцијата, се вели во соопштението.