Спасовски се сретна со претставници на Гранскиот независен синдикат на полицијата
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и претставници на Гранскиот независен синдикат на полицијата и на полицајци приправници од генерацијата 2015/16 година денеска на средба разговарале за, како што соопшти ресорното Министерство, најгорливите теми што ги тангираат овие категории.
Разговарано е за проблемот со квалитетот и снабденоста со униформи на полицијата распоредувањето на полицајците приправници подалеку од местата на живеење, како и за прашања од областа на организациското распоредување и интерно конкурирање, приправничкиот стаж...
- Министерот Спасовски во оваа прилика, истакнувајќи ја својата и отвореноста на неговиот кабинет за разговори со претставниците на синдикатот, како и генерално со вработените околу сите отворени прашања, нагласи дека внимателно ќе бидат разгледани изнесените проблеми и согласно важечките законски прописи, потреби и планови на Министерството ќе се бараат најоптималните решенија во заеднички интерес и на вработените и на институцијата, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Диско-гел, нова метода на третман на дискус хернија во болницата ,,8 септември"
-
Јаневска: Наставникот ќе одлучи дали да се користат телефони на часот, одлуката за нивна забрана ја носат општините
-
Од утре попладне дожд на пониските и снег на повисоките места
-
Велешанец во Аеродром пробал да ја силува во возило, побегнал откако таа го мавала со раце и нозе и гласно викала за помош
-
Мицкоски на седница ќе предложи супер-маркетите јавно на своите веб страници да ги објавуваат цените на производите
-
Успешна ендоскопска трансназална операција на државната неврохирургија
-
Детали од МВР за вчерашната сообраќајка кај Мислешево
-
Поднесена иницијатива за испитување на уставноста за преименување на улиците во Тетово од 2007 година