Спасовски: Реконструирани полициски објекти во североисточниот регион
Министерството за внатрешни работи вложи во реконструкција на скоро сите полициски објекти во поширокиот североисточен регион, а објектот во Куманово е гордост на МВР, кажа при денешната работна посета министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски се во работна посета на Куманово.
Реконструкцијата на објектите овозможува подобро функционирање и за вработените и граѓаните. Градените активности за санацијата почнаа во 2017. Како што изјави Спасовски овие објекти како и градот Куманово претходно со децении беа заборавени.
- Инвестиравме 65 милиони денари. Објектот на СВР Куманово претставуваше навистина една од најголемите инвестиции со вложени 47,2 милиони денари од буџетот на МВР и можам да кажам дека е една од најубавите згради на МВР, покрај останатите од 2021 наваму. Тоа го кажуваат полициските службеници што работат во него, и граѓаните кои остваруваат своите права, кажа Спасовски.
Објектот, потсети министерот е изграден далечната 1929 година, а реновирањето се реализираше во повеќе фази, опфаќајќи го работниот простор на вработените во одделението за криминалистичко разузнавање и анализа, полициската станица Куманово, санација на просториите за приведување и задржување на лица, изведба на нова пристапна рампа за лица со инвалидитет, а реновиран беше и делот каде што се сместени одделението за безбедност во патниот сообраќај Куманово и Крим-полиција. Спасовски кажа дека се запазени стандардите за енергетска ефикасност, нови ПВЦ-прозорци, влезните портали со алуминиумски врати, термоизолациска фасада, парно греење, нови инсталации. Во изјавата за медиумите министерот, потсети дека се реконструирани и објектите на Полициското одделение Ранковце и Полициската канцеларија Старо Нагоричане, одделенијата во Кратово и Крива Паланка. И во овие објекти се запазени сите стандарди за енергетска ефикасност и се заштитува животната средина со што се подобрени условите за работа и за граѓаните. Тој напомена дека е реконструирано и одделението за управни и граѓански постапки (поранеше Дом на АРМ) во Куманово каде на површна од 900 метри квадратни има повеќе оддели.
-Владата преку институциите вложи многу во овој регион, последниве седум години. Зборувам за целосна реконструкција на патиштата, изградба на пругата тука сме со колегата Бочварски, бидејќи клучен придонес даде и министерот и Министерството за да Куманово не биде заборавено како што беше претходно во изминатите години, кажа Спасовски.
Тој потсети за реконструиран дел од водоснабдителниот систем во Куманово, изградба на фекален колектор во Речица, изградба на канализација во Тромеѓа, набавка на специјален ровокопач за одржување на улиците, специјално возило за отстранување на непрописно паркираните возила, за реконструкцијата на дел од Пионерски дом во градинка и за градинка за 60 деца. Спасовски во изјавата се осврна и на на реконструкциите на Владата во образованите објекти: основното училиште „Бајрам Шабани“, реконструкција на покривот на училиштето „Наим Фрашери“, на училиштето „Браќа Рибар“ во Сопот, нов инвентар во Гимназијата „Сами Фрашери“ и Средното уличиште „Перо Наков“. Тој додаде дека е реконструирано и училиштето „Наце Буѓони“, направена е нова спортска сала како и во ОУ „Јероним Де Рада“, реновирање на Меморијалниот центар „АСНОМ“ на Пелинце, како и култната Соколана и на спортската сала.
- И може да наброиме уште низа проекти што сме ги реализирале во изминатиов приод со поддршка на многу министерства и агенции. И затоа како Министерство ќе продолжиме да вложуваме во материјално технички капацитети и човечки ресурси, а сите овие проекти коишто ги споменав во градот, ги спомнувам како министре кој доаѓа од Куманово, кој заедно со сите колеги се бореше да ги направиме овие проекти да постигнеме што е можно повеќе за градот којшто неоправдано, реков, беше запоставен изминатиов период, заклучи Спасовски.
Ново на Сител
-
Скопјанец ограбил казино и ја нападнал вработената
-
Возач на четирицикл од Куманово тешко повреден во Кавадаречко
-
Две лица на кошаркарски натпревар во Куманово нападнале играч и пробале да му го соблечат дресот
-
Двајца кумановци, управители на угостителски објект, пуштале гласна музика во денови на жалост за трагедијата во Кочани
-
Путин: Резултатот од војната во Украина треба да биде долгорочен мир и безбедност за Русија
-
Рубио: Русија подготвува документ со барања за прекин на огнот во Украина
-
Во Ватикан почна инаугуративната миса на папата Лео Четиринаесетти
-
Ресенчанец возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без дозвола