Спасовски: Пораката од Стразбур е мотив сите да работиме заедно во борбата против криминалот и корупцијата
Пораката што денеска се прати од Европскиот суд за човекови права во Стразбур е силна порака, но и мотив сите да работиме заедно во борбата против криминалот и корупцијата, оцени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
-Ја поздравувам одлуката на Судот во Стразбур. Сметам дека е одлука која покажува дека државата преземала вистински чекори и дека целосно се почитуваат стандардите од Европската конвенција за човекови права. Со неа се потврди работењето на институциите на системот во претходниот период, рече Спасовски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на реновираната кујна на Единицата за брзо распоредување во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“.
За постапките, додаде, не сакам да коментирам бидејќи тие се веќе во судска процедура и не треба да влијаеме на нив.
-Постапките продолжуваат во македонските судски институции, посочи Спасовски.
Ново на Сител
-

МВР: Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит
-

Системот за интернет гласање во Москва погоден од кибернапад на вториот ден од парламентарните избори
-

Утре наместа нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Јамал: Го следам Реал, но секогаш сакам да губат
-

Полска ги крена борбените авиони поради руските напади врз Украина
-

Путин: Европските лидери ги користат Украинците како топовско месо
-

Македонскиот тим се враќа со сребрен и бронзен медал од 33. Балканска олимпијада по информатика во Тирана
-

Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
