Спасовски: Набавивме нови униформи за полициските службеници, продолжуваме да ја опремуваме полицијата!

Во рамки на нашите континуирани активности, а согласно примарната задача за подобрување на условите за работа на полициските службеници, поделивме нови униформи за потребите на нашите најмлади колеги- новопримените полициски службеници од последните конкурсни циклуси, рече министерот Оливер Спасовски на денешното претставување на новонабавените униформи за полициските службеници во кругот на СВР Скопје.
Станува збор за набавка на 1.200 униформи за припадниците на полицијата кои што се состојат од капи, кошули, вратоврски, виндјакни, маици, ремени...
-Затекнавме многу лоша состојба со опременоста на полициските службеници, скоро една деценија без набавка на униформи. Сега таа состојба ја менуваме од корен, создавајќи базични предуслови за нормално и непречено функционирање на полициската служба во целина. Она што го затекнавме беше субстандардни услови во кои што работеа полициските службеници. Таа недопустлива состојба ја менуваме и нема да престанеме во нашите напори се
додека не се воспостави еден нормален, пристоен и функционален амбиент за работа на сите полициски службеници. Затоа што само со овозможување на тие елементарни услови за работа, полицијата ќе биде ефикасен и квалитетен сервис на граѓаните- рече Спасовски.
Пред десетина дена беше набавена униформата за Единицата за специјални задачи, претходно за припадниците на Одделот за обезбедување, како и за други полициски службеници, а и во наредниот период продолжува опремувањето на полициските службеници. Продолжуваат и активностите за реновирање на полициските станици, а од наредниот месец се зголемува и платата на полициските службеници.
Ново на Сител
-

ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-

Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-

Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-

Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-

Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-

Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-

Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-

Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија
