Македонија
19. April 2018 - 8:25

Спасовски на собрание на Асоцијацијата на шефовите на полициските служби во ЈИЕ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ќе присустува на Генералното собрание на Асоцијацијата на шефови на полициски служби на Југоисточна Европа (SEPCA).

Генералното собрание ќе се одржи во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид. 

Асоцијацијата е посветена на градење јавна безбедност во Југоисточна Европа, преку своите кооперативни полициски служби, заедно со граѓаните и нејзините партнерски организации.