Спасовски: На пат сме да ги расчистиме дојавите за бомби во Кавадарци
Министерот за внатрешни работи Оливер Спаосвски изјави дека денеска има повторно дојави за бомби во неколку училишта во Скопје и во Куманово, како и дека се очекува наскоро да биде решен случајот со електронска дојава за бомба во Кавадарци. И покрај дојавите за бомби, Спасовски потенцира дека во моментов немаме какви било индиции за нарушување на безбедносната состојба.
-Околу денешните најави, имаме повторно добиено електронска пошта во неколку училишта и во Скопје и во Куманово. И тоа е стандардната процедура која што е предвидена практично и со упатството и протоколот во однос на ваквите околности кои што за да можеме да извршиме антитерористичка проверка на сите овие објекти. Има постојано штаб којшто работи на оваа проблематика и веднаш не само Одделот за дигитална форензика, туку и сите меѓународни партнери се известуваат во однос на сите овие дојави коишто ги имаме – ги споделуваме информациите и податоците коишто ги имаме со цел за да добиеме помош ако, еве во конкретниот случај што беше со Швајцарија, имавме и САД, имавме Хрватска итн, изјави на прес-конференција во Владата министерот Спасовски.
Како што кажа, најчесто станува збор за ВПН конекции и дека не може да се добие една ИП адреса точно од каде е, туку се појавуваат илјадници ИП адреси во светот.
-Таму каде што има можност да се утврди ги утврдуваме. Таков беше случајот со Скопје. Сега сме веќе на пат и многу блиску да се расчисти целиот случај и во општина Кавадарци така што се преземаат сите можни мерки. Секторот за меѓународна полициска соработка е постојано во комуникација, Интерпол, Европол итн., и постојано се работи на овој дел, рече министерот за внатрешни работи.
Спасовски очекува деновиве да се одржи и Советот за координација на безбедносно разузнавачките служби на којшто ќе треба да се разменат сите податоци.
-Значи, и АНБ и Агенцијата за разузнавање, Комитетот за борба против тероризмот се со цел да преземаме низа на мерки не само сега конкретно во овој случај, туку генерално во решението на проблемот со тероризмот, рече министерот за внатрешни работи.
Појаснува дека дојавите доаѓаат во еден момент, дека антитеростичките единици стасуваат со порверките, но вели исто така дека станува збор за хибридна војна и дека вакви дојави со речиси ист текст на пораките стасува и во други земји. Се што се прави, додадва Спасовски, се прави за граѓаните да бидат безбедни.
Тој потсети дека пред неколку дена во Брисел потпишал и договор со Европската комисија во делот на справувањето со тероризмот токму во овој дел со акциониот план којшто ќе треба да биде спроведен.
-Во тој дел апсолутно сите активности се преземаат и со секој од партнерите коишто ги имаме се работи интензивно. Не секогаш е едноставно за да можете да дојдете до податок. Да, сите релевантни меѓународни партнери коишто можат да бидат се известени и сите работат практично на можноста да се помогне таму каде што има таква можност се прават и реализации, вели Спасовски.
Ново на Сител
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико
-
Хрватската опозиција на седница на Саборот остро го критикува премиерот Пленковиќ поради корупциската афера „Берош-Петрач“