Спасовски: На лидерската на 12 мај да донесеме најдобро можно решение за иднината на земјата

Техничкиот премиер на Владата Оливер Спасовски очекува на лидерската средба, која е закажана за 12 мај кај претседателот Стево Пендаровски, да се разговара за мерките и одлуките што се преземени за да се спречи здравствената и економската криза во земјава.
Очекува на оваа средба да се надминат личните и партиски интереси. Главната цел, како што рече, се државата и граѓаните и ништо не е поважно од тоа.
-Затоа сметам дека ќе има доволно одговорност меѓу лидерите на политичките партии кои ќе учествуваат на таа средба. Ќе разговараме и јас посакувам да донесеме најдобро можно решение за иднината на оваа држава и за иднината на граѓаните. Сметам дека таква одлука треба да се донесе заради тоа што пред се потребни се функционални институции кои ќе можат да се справат со секаков вид на идни предизвици што стојат пред нас и тоа треба да биде водилка за сите нас, изјави Спасовски при денешната посета и увидот во градежните работи на изградбата на новата социјална зграда во Пробиштип.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
