Македонија
1. September 2016 - 13:19

Спасовски: Мора да се работи на поголема професионализација на полицијата

Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски денеска изјави дека мора да се зголеми довербата на граѓаните во полицијата и да се работи на нејзина поголема професионализација.

- Интересно е дека граѓаните на Република Македонија дават поддршка на полицијата. Меѓутоа исто така сметаат дека премногу е партизирана, дека премногу работи во интерес на поединци, високи функционери во МВР или од страна на власта, рече Спасовски по презентацијата на истражувањето за јавното мислење за полицијата.

Мора, рече Спасовски, посветено да се работи да се зголемува довербата кај граѓаните на Република Македонија во полицијата меѓутоа и многу да се работи да се отстранат овие негативни ефекти.