Спасовски: Македонија е подготвена за справување со бегалска криза
Македонија нема да гради нови центри за бегалци. Имаме два, овој во Гевгелија и во Табановце за кои сметаме дека се доволни.Тие служеа за прифаќање и транзитирање на мигрантите во екот на бегалската криза до земјите на ЕУ и таа своја намена ќе ја имаат доколку повторно дојде до интензивирање на бегалската криза.

Ова го изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој денеска со амбасадорот на Словачка, Мартин Безак денеска го посетија прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, по повод осмата ротација на полицискиот контингент од Словачка.
- Како земја сме доволно подготвени за справување со бегалската криза. Ја следиме состојбата во тој правец и ќе постапуваме исто како до сега што од страна на земјите од „Балканската рута“ и меѓународната заедница е оценето како многу добро во секој поглед, нагласи Спасовски.
Амбасадорот на Словачка, Мартин Безак потенцираше дека во интерес на неговата земја е оваа рута да остане затворена и дека ќе сторат се да биде така.
- Во осумте ротации до сега на помош испративме 190 полицајци кои им помагаат на своите колеги од Македонија во наблудување и обезбедување на границата.До крајот на годината ќе ипратиме уште неколку десетици полицајци. Словачка ќе продолжи да и помага на Македонија, а соодветно на свој начин тоа треба да го прават и останатите земји од Балканската рута и ЕУ, рече Безак.
Како пример ја посочи 2015 година кога во екот на бегалската криза Словачка беше единствената земја којашто во Македонија испрати осум вагони за транспорт на бегалците.
Ново на Сител
-

„Безбеден град“ - системот чита регистарски таблички и при брзини од над 200 километри на час во услови на дожд и магла
-

Трета европска титула за Данска за славје во Хернинг
-

Ѓоковиќ: Карлос млад си има уште време пред тебе
-

Алкараз е новиот шампион на Австралија опен
-

Хрватска го освои бронзениот медал
-

Најмалку 16 лица загинаа во две одвоени сообраќајни несреќи во Турција
-

Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози, останува забраната за камиони и автобуси на патот Шипковица-Попова Шапка
-

Мицкоски: Понудата до синдикатот е на маса една година, но мора да се преговара делот за плати во ОКД
