Спасовски: Лоциравме кластер на лица во однос на лажните пријави за бомби
Министерот Оливер Спасовски гостувајќи во утринската програма на МТВ на прашање до каде е истрагата за лажните пријави за бомби во училиштата и други институции, истакна дека последната кривична пријава во врска со овие лажни пријави е поднесена на 22.03.2023, против еден малолетник, како и тоа дека практично е навлезено во една група лица коишто учествувале во испраќањето на лажните пријави.
„Со преземање на низа активности во рамките на институциите не дозволивме ни во еден момент да се наруши безбедноста на институциите. Преку опсежните истраги што ги спроведовме лоциравме кластер на лица кои учествувале во тие лажни дојави, веќе се повикуваат на разговори во полициски станици, одземени се нивни телефони и продолжуваме кон обезбедување на сите докази“, рече Спасовски.
Тој се осврна и на промената на протоколите за постапување при ваквите ситуации.
„Протоколите беа променети заради нивната застареност и несоодветствувањето на новите прилики со денешните, наспроти времето кога се донесени. На пример, електронските дојави воопшто не беа опфатени со тие протоколи. Како држава ќе продолжиме интензивно да ја зајакнуваме својата сајбер безбедност, процес во кој влегуваат сите држави во регионот и пошироко“, истакна министерот Спасовски.
Ново на Сител
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
-

Гром предизвика огнена драма над Штип, за среќа пожарот е изгаснат
-

Ѓорѓиевски: Утврден е сериозен недостаток на пожарникари во целата држава
-

Законите што ќе овозможат изградба на дата центри без дебата го поминаа првиот собраниски филтер
