Спасовски: Издадени се 215 патни исправи со лажен идентитет
Вработени во управните служби на МВР ја злоупотребиле службената положба издавајќи македонски лични документи и патни исправи на странски државјани, информираше на денешната вонредна прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
- Службените лица делото го извршиле спротивно на постапката за издавање на патни исправи, визи и евиденција за патна евиденција на државјани на Р Македонија со што овозможиле вкупно 215 лица, од кои 214 странски државјани и еден македонски државјанин да се стекнат со македонска патна исправа под туѓ идентитет. Како поддршка на криминалната мрежа било и лице кое не поседува службени овластувања, туку е посредник помеѓу барателите на патни исправи со лажен идентитет и службените лица. По пат на меѓународна полициска соработка, преку регионалната канцеларија за безбедност на САД, како и генералниот секретаријат на Интерпол Лион и Интерпол Скопје беше обезбедена поддршка во насока на откривање на вистинскиот идентитет на лицата, појасни Спасовски, додавајќи дека било утврдено дека дел од овие лица биле дел од меѓународни криминални групи, нарко-картели.
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
