-->
-->
Спасовски и Мадиќ ќе извршат увид во градежните работи на новата полициска станица во Аеродром
-->
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменик-министерката за правда Викторија Аврамовиќ-Мадиќ ќе извршат увид во градежните активности на новиот објект на полициската станица во Аеродром.
Новиот објект на полициската станица се гради на местото на старата полициска станица. Предвидено е да биде на површина од 3.500 метри квадратни. Објектот ќе биде изграден на три нивоа, подрум приземје и кат со што ќе бидат опфатени сите потребни содржини и простории во согласност со полициските и меѓународно прифатените безбедносни стандарди и нормативи. Рокот на изградба е 30 месеци, а вкупната инвестиција е околу 130 милиони денари со вклучен ДДВ. Камен-темелникот беше поставен на 28 јули годинава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп сака да прогласи вонредна состојба во САД за да ја спроведе својата програма за протерување мигранти
-
Притвор за полициски службеник и уште едно лице за продажба на кокаин
-
Крвава расправија на ученици во Тирана, еден починат, двајца повредени, еден приведен од полицијата
-
Двајца маскирани крадци упаднале во замокот „Виндзор“ - домот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години