Спасовски и Џенрик од Тирана: Со заедничка соработка до одговор на сите предизвици
Денеска (14.09.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во рамки на работниот престој во Тирана, Република Албанија, а по повод учество на Конференција на министри за внатрешни работи во рамки на Берлинскиот процес оствари работна средба со министерот за емиграција на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Роберт Џенрик.
Двајцата министри разговараа за прашањето на миграција и нејзините движења, како и за криумчарењето на мигранти, при што беше заклучено дека мора заеднички да се работи и соработува, со цел да има успешно менаџирање на миграцијата.
На средбата, исто така, стана збор за темата организиран криминал, како и справувањето со сајбер заканите. Двајцата соговорници се согласија дека за овие теми нема простор за импровизирање, туку само со заедничка соработка и поддршка на вакви и слични платформи како што е Берлинскиот процес, да се даде брз, ефикасен и ефективен одговор на сите предизвици.
Ново на Сител
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
-
Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово - Попова Шапка
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров
-
Околу 7.600 Сиријци се вратиле од Турција по падот на Асад пред една недела