Спасовски го посети повредениот началник: Секој напад врз полицаец, е напад на државата
Денеска,(29.07.2023),министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски во струшката болница го посетија повредениот началник на ОВР Струга Д.А врз кого вчера беше извршен брутален обид за убиство, а кој во моментов се наоѓа во стабилна здравствена состојба.
Имено, на 28.07.2023 околу 17.35 часот на ул. „Ристо Крле“ во Струга осомничениот С.Н. со своето возило му го попречил патот на Д.А., кој бил во неговото возило и прво вербално го нападнал, а потоа му нанел повреди со остар предмет, по што се дал во бегство. Д.А. бил пренесен во болницата во Струга, каде му е укажана лекарска помош.
Од страна на полициски службеници од СВР Охрид-НККР Струга, Оддел за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал и Оддел за специјални полициски операции преземени се мерки и активности и лишен е од слобода С.Н. (44) од с. Велешта поради основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ врз Д.А.
По преземените оперативни мерки против С.Н. е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „убиство во обид“ и од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, по што С.Н. е спроведен во КПУ Скопје.
Посакувајќи му што поскоро опоравување на повредениот началник, министерот Спасовски го повтори својот став дека напад на припадник на македонската полиција е напад на државата, поради што мора да има најстроги санкции за тој кој ќе се осмели да изврши таков чин на насилство.
"Насилството е последното прибежиште на криминалците, последниот обид да ги заплашат оние кои се задолжени за спроведување на законот. Затоа казната од правосудните органи треба да е брза, навремена, строга и без отстапки. А последниот удар на полицијата до конечна пресметка со криминалот - најсилен", порача Спасовски по посетата.
Ново на Сител
-
Пронајдени црните кутии во урнатиот товарен авион на ДХЛ кај аеродромот во Вилнус
-
Сиљановска Давкова и Филипче разговарале за политичките и безбедносните состојби и деблокадата на евроинтеграциите
-
Република Северна Македонија избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје
-
Приведени кавадарчани, кај нив пронајдени детектори за метал и сомнителни предмети
-
Приведен кумановец кој ограбил неколку возила
-
Арсовска: Долгот на централните власти кон ЈСП следната година ќе достигне десет милиони евра
-
Сѐ уште не се применува новиот Закон за употребата на македонскиот јазик
-
По 10 ин витра и 10 спонтани абортуси, 61 годишна мајка на свет го донесе Петар, тежок 2350 гр.