Спасовски: Генерално мирна новогодишна ноќ, на бесплатниот телефон регистрирани вкупно 62 пријави
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оцени дека новогодишната ноќ била генерално мирна, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир. Тој информира дека во текот на ноќта биле регистрирани 16 кривични дела, 13 прекршоци, а немало сообраќајни незгоди со смртни последици. Во текот на новогодишната ноќ, биле добиени девет пријави за недозволени забави и собирања на повеќе од четири лица во приватни објекти.
– Се работи на целосно расчистување и документирање на случаите. На бесплатниот телефонскиот број, кој го промовиравме како проект за пријавување на какво било нарушување на здравствените протоколи, од 28 декември во 12:00 часот до 1 јануари 11:00 часот, се регистрирани 62 пријави. А во периодот од 19:30 часот на 31 декември до 8 часот на 1 јануари 2021 година, имало 22 пријави. Контролирани се 288 угостителски објекти во Скопје и има двајца приведени, соопшти Спасовски.
Тој информира дека на целата територија на Република Македонија, биле регистрирани 16 кривични дела, од кои пет на подрачјето на СВР Тетово, по три на подрачјето на СВР Скопје и СВР Охрид, и СВР Струмица и по едно на СВР Велес и СВР Штип. На подрачјето на СВР Куманово нема регистрирано ниту едно кривични дела. Од нив пет се за непостапување по здравствените протоколи за време на епидемија, констатирани при контроли на угостителските објекти.
– Регистрирани се и три тешки кражби, две кривични дела за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и по едно дело кражба и тешка телесна повреда, односно напад на службено лице при вршење работи на безбедноста, телесна повреда при семејно насилство и нарушување на безбедноста во сообраќајот, информира Спасовски.
Од страна на полициските службеници, биле констатирани само 13 прекршоци на територијата на државата, од кои осум во Скопје, два на територијата на СВР Штип и по еден на СВР Битола, СВР Охрид и СВР Тетово.
Ново на Сител
-
Општина Центар: Град Скопје ги остави улиците во смет, активирани 120 хигиеничари од Општината
-
Приведен 21 годишен жител од велешкото село Бузалково, кој се заканувал на комисија за возачки испит
-
Измамена скопјанка - И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете и ако не сака таа да лежи во затвор треба да плати 3.200 евра
-
Четири малолетнички нападнале своја врсничка, која ја познавале, а настанот го снимиле со телефон и го споделиле на социјални мрежи
-
61-годишен прилепчанец измамен за 175.000 денари, го убедиле дека инвестира во криптовалути
-
Продолжен притворот за 10 осомничени за падот на настрешница на Железничката станица во Нови Сад
-
Силувано 12 годишно девојче во валандовско
-
Украл пари и други производи од продажен објект - гостиварчанец приведен за тешка кражба