-->
-->
Спасовски-Ди Мајо: Македонија живее историски период за остварување на стратешките цели
-->
Премиерот Оливер Спасовски денеска оствари средба со италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо на која се потврдени реформските достигнувања на земјава и нагласено е дека Италија ќе продолжи активно да се заложува земјава да ги почне преговорите со ЕУ.
– Живееме остварување на стратешките цели, по сѐ што постигнавме низ политиките на дијалог и на планот на реформите. Продолживме со реформите и остануваме цврсто определени на спроведувањето на договорите со Бугарија и со Грција. Се радуваме на остварените перспективи во НАТО и го очекуваме заслужениот почеток на преговорите со ЕУ. Тоа е патот за развој на нашата држава и затоа како Влада остануваме мотивирани кон остварувањето и на оваа цел. Вреднувањето на примерот на позитивни политики што го покажавме како држава, ќе биде силна мотивација и за решавањето на отворените прашања во целиот регион, како и за Европска Унија кон којашто припаѓа и Западен Балкан, истакнал Спасовски.
На средбата, како што информираат од владината прес- служба, оценето е дека влегувањето на земјава во НАТО ќе значи и нови можности за соработка на економски и безбедносен план, како со Италија, така и со другите земји членки.
Покрај реформските достигнувања, потврдени се и воспоставените добрососедски односи и натамошните аргументи што ги дава земјава во определеноста кон напредок, како што е носењето на Законот за јавно обвинителство.
– Поради сето ова, соопштено е дека Италијанската Република како сведок на овие заложби, ќе ја пренесе пораката за оправданост на очекувањата на земјава за отворање преговори со ЕУ и ќе продолжи во првите редови активно да се заложува, тоа да се случи, се наведува во соопштението од Владата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Муцунски за МИА: Работиме на одржливо решение, кое нема повторно да создава ризици
-

Охрид полн со туристи но и со смет
-

Милионска санација за штипската болница
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
