Спасовски: Денеска граѓаните на Македонија, чествувајќи го Илинден, покажаа како се празнува обединето

Денеска граѓаните на Македонија, чествувајќи го Илинден, покажаа како се празнува обединето, достоинствено, државнички. Во духот на аманетот на Илинденците, аманетот којшто го продолживме и го пренесуваме на идните поколенија, да ја градиме нашата држава, колоритна во традициите, обединета во различностите – држава на сите што живеат во Република Северна Македонија, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

– Заблагодарувајќи се на граѓаните, би сакал да упатам посебна благодарност на припадниците на македонската полиција кои се погрижија сите реализирани настани да поминат во најдобар ред. Тие уште еднаш покажаа дека се гарант на стабилноста и на безбедноста, дека се во служба на нашите граѓани. Заеднички продолжуваме напред, уште посилно, кон просперитетна и европска Република Северна Македонија, напиша Спасовски на фејсбук.
Ново на Сител
-

Владата почна постапка за доделување концесии за испитувања за металични минерали
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна и денешниот обид за Изборниот законик
-

Марта Кос утре во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-

Поротниците од скопски Кривичен суд од денеска на мирен протест
-

Статистика измери инфлација од 3,4% во јуни, Пазарна констатира зголемени профитни маржи кај трговците
-

Жестока дебата во Собранието за пензиите
