Спасовски: Денешниот ден не обврзува сите да ја градиме државата со напредок и просперитет

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, од пред Палатата на нациите во Женева упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври – Денот на македонското востание.
– Од Женева, од пред Палатата на нациите, на најзначајниот датум во македонската историја, изразувам благодарност на нашите предци, на бројните жени и мажи кои се бореа за слобода и демократија во нашата држава и ни оставија во аманет, да ја градиме заеднички Република Северна Македонија, без разлика на национална или верска припадност, истакнува Спасовски во видео обраќање.
11 Октомври, како што посочува, е најсветлиот датум во македонската историја, кога продолжуваат слободарските традиции започнати со Разловечкото, Кресненското, Карпошовото и Илинденското востание.
– Токму овој ден нè обврзува сите генерации од современа Северна Македонија да ја градиме со напредок и просперитет. Заедно борејќи се против фашизмот придонесовме за глобален мир и просперитет. Денеска современиот патриотизам значи напредок и просперитет, одење сите заедно и сложно на патот кон европските интеграции за Република Северна Македонија, вели Спасовски.
Ново на Сител
-

Мицкоски: На Комплексот клиники „Мајка Тереза“ пуштени во употреба шест комплетно реновирани операциони сали
-

Орбан: Ситуацијата е сериозна, снабдувањето со гас на Унгарија засега не е загрозено, но треба внимателност
-

Иран ја потврди смртта на шефот на разузнавањето на Револуционерната гарда
-

Во Србија приведен Македонец поради недозволен промет на акцизни стоки
-

Иран го нападна Тел Авив со ракети со касетна муниција, погодени и објекти во Хаифа
-

ЈУНП „Пелистер“ постави 40 мониторинг камери во националниот парк „Пелистер“
-

Од 10 април започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ
-

ЈП Водовод: Земените примероци од водата за пиење во Скопје ги исполнуваат барањата за безбедност и квалитет
