Спасов:Помош од 10 илјади евра за отворање приватни детски градинки

Зголемувањето на бројот на приватните детски градинки во нашата држава преставува приоритет за Министерството за труд и социјална политика, истакна денеска заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при увидот на градежните активности на градинката во општина Петровец.
- Токму заради тоа оваа година започнавме реализација на нов проект кој претставува финасиска поддршка на неповратни средства коишто им се доделуваат на сите заинтересирани инвеститори за отворање на приватна детска градинка. Заинтересираните ќе добијат гранд средства во износ од 600 илјади денери за капацитет на градинка за минимум 40 деца и минимум четири вработувања, потсети Спасов.
Според него овој проект дополнително ќе го зголеми интересот кај приватните инвеститори за отворање приватни детски градинки, а со тоа, потенцира тој, ќе се влијае во зголемување на капацитетите за згрижување на децата, подобрувањето на квалитетот и намалување на цените за згрижување во гарадинките.
- За оваа година се обезбедени шесет милиони денари за десет приватни детски градинки, информира Спасов и упати апел до сите заинтересирани да се обратат во Агенцијата за вработување да ја искористат оваа можност.
Ново на Сител
-

43-годишен штипјанец пронашол неактивирана експлозивна направа во подрумскиот дел од неговата куќа
-

„Опен-АИ“ го прекинува ексклузивниот договор со „Мајкрософт“ заради соработката со „Амазон“ и „Гугл“
-

Путин: Глобалниот поредок се урива, доаѓа нова ера
-

ЈП Комунална хигиена - Скопје отстрани 620 кубни метри отпад од диви депонии во сите скопски општини
-

Од четврток дожд и опаѓање на температурите
-

Трамп не е задоволен од иранскиот предлог за завршување на војната, вели официјален претставник
-

Претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан во официјална посета на земјава
-

„Пуштете го, ние ќе му пресудиме”, родителите жестоко реагираа на барањето за домашен притвор на сопственикот на „Пулс“
