Македонија
4. December 2015 - 19:48

Спасов во посета на Битола

Објектот на Агенцијата за вработување во Битола по повеќе од 55 години е целосно реконструиран, а Центарот за социјална работа по повеќе од 30 години доби целосно нова внатрешност и надворешност. Министерството за труд и социјална политика за двата проекти потроши 21 милион денари од Светска Банка и ИПА програмата на Европската Унија.

Спасов го посети и објектот каде треба да биде сместен Дневниот центар за деца со аутизам, а кој треба да започне со работа следната година. Понатамошен ангажман во заштитата на правата на ранливите категории граѓани, најави и градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Заменик министерот за труд и социјална политика ја заврши посетата на Битола со увид во активностите за изградба на патеката за слепи лица, долга 1400 метри, во градското шеталиште.