Спасов: Пензиите зголемени, со активните мерки отворени 42 илјади работни места
ВМРО-ДПМНЕ континуирано води грижа за највозрасните граѓани што го покажува и со конкректни дела, рече заменик-минитерот за труд и социјална политика Диме Спасов на панел дискусијата „Видливи и реални проекти“ посветена на социјалата, културата, спортот и образованието што попладнево ја организира ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека од 2006 година досега пензиите во Македонија се зголемени за над 70 проценти, а најниската пензија е зголемена за 90 проценти.
- Тоа се луѓе кои се бореа за Македонија, ја дадоа својата пот, па дури и крв за да можеме да ја прославуваме нејзината независност. И токму затоа од 2006 година досега спроведовме многу мерки за пензионерите. Највозрасните граѓани дотогаш беа на маргините на општеството. Нашата заложба беше да се подобри нивниот живот. Просечната пензија од 2006 година до сега се зголеми за над 70 проценти, а најниската пензија за 90 отсто. Нема да застанеме тука и ноемвриската пензија повторно ќе биде зголемена за пет проценти. За разлика од порано, денеска пензиите редовно се исплаќаат, истакна Спасов.
Тој напомена дека се реализирани и други проекти за подобрување на животот на пензионерите како бесплатно бањско-климатска рекреација, бесплатен туристички викенд за пензионери, бесплатен градски и железнички превоз.
Спасов посочи дека се зголемени и социјалната помош и постојаната парична помош, а говореше и за намалувањето на невработеноста на 24 проценти.
- Ако во 2006 година затекнавме историски највисока стапка од близу 38 проценти, со низата мерки и конректни проекти, се обидовме да го дадеме нашиот максимум, да влијаеме на отворањето нови работни места и намалување на невработенсоста, рече Спасов.
Тој додаде дека досега се отворени над 160 илјади работни места, а само преку активните мерки и политики преку Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување отворени се 42 илјади нови работни места.
Во своето излагање, Спасов го напомена и проектот за еднократен отпис на долгови преку кој на околу 15 илјади домаќинства им биле отпишани 30 милиони евра.
Ново на Сител
-
Најмалку четворица загинати при израелски воздушен напад врз Бејрут
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно, повремен снег во западните делови
-
Скопјанец испразнил туѓа сметка и земал речиси 700 илјади денари
-
Фрлена рачна бомба во двор во Прилеп, оштетени прозорци и два автомобили
-
Уапсен 41 годишен маж - Со воздушна пушка пукал кон куче
-
Измамен скопјанец за сума од над 18 илјади денари
-
Исчезна 13 годишно девојче од Куманово