Спаска Митрова не го доби спорот против РМ во Стразбур

Државата не го повредила членот 8 од Европската конвенција за човекови права со кој се гарантира правото на почитување на приватниот и семеен живот зашто сите државни органи кои биле инволвирани и одлучувале во предметот, постапувале согласно судската пракса на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и го имале предвид најдобриот интерес на детето.
Ова го утврдил Судот во Стразбур по апликацијата поднесена од Спаска Митрова за повеќето одлуки донесени од управните органи и судските инстанци во Република Македонија, со кои биле уредени правата на видување, чување, воспитување и издржување на нејзиното дете, Сузана Савиќ.
Како што соопшти в.д. директорот на Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП Костадин Богданов, пред Европскиот суд за човекови права Митрова се жалела по однос на изречената затворска казна поради нејзиното одбивање да дозволи видување на нејзината ќерка со поранешниот сопруг, како и на пресудата на Врховниот суд на РМ со кое и било одземено правото на чување, воспитување и издржување на нејзината ќерка.
Савиќ по разводот на нејзините родители во 2007 година, била ставена под старателство на нејзината мајка Спаска Митрова.
Ново на Сител
-

Кој го понесува најголемиот удар од блокирањето на Ормутскиот теснец?
-

Тема на денот со Ана Павловска Данева, Уставна судијка
-

ОЈО оформи предмет за Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош
-

Пиштол вперен кон сопругата, нападната ќерка - тројца мажи уапсени за семејно насилство
-

САД и Израел ги интензивираат нападите врз Иран, војната влегува во седмиот ден
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
-

Документ на ЦИА за Киро Глигоров ги разбуди партиите за името
