Фудбал
25. October 2017 - 17:59

Спасител на теренот: Фудбалер спаси четири животи и доби награда за фер-плеј

Кога тоа се случи прв пат, не сакав да и кажам на мајка ми, зада не ја уплашам. Кај втората ситуација и кажав што сум направил. Таа ми одговори: Браво, сине! Не можеш да чекаш некој друг тоа да го направи, изјави Коне.

Кога ќе загусти, добро е да се има 26 годишниот Франсис Коне на своја страна. Човекот во својата осумгодишна професионална кариера спасил четири живот. За тоа е награден од Фифа за фер-плеј. Сосем заслужено без никакви дилеми.

Тогоанецот е напаѓачот на Словачко и дел од некои навивачи на Бохемианс расистички го навредуваат при секој допир со топката на еден натпревар.

Но, одвратните повици набрзо беа заменети со овации на оние нормалните навивачи откако Коне го спаси живото на нивниот голман. Мартин Берковец излегол на топка, се судрил со свој соиграч, па потоа со противничкиигра и останал неподвижно да лежи на тревата.

-Видов дека друг играч вика па за него без загрижен. Но, на голманот му се вртеа очите, устата му беше затворена, успеав да му ја отворам вилицата и да му помрднам јазикот кои му ги затворил дишните патишта. Ме гризна но нема врска, се беше набрзина готово. Кога видов дека се ќе биде во ред, го кренав и заминав.

-Не сме ние Усаин Болт па да можеме во секунди да дотрчаме до играчот кој лежи на другата страна. Уште па и мораме да почекаме судијата да ни дозволи да влезе. Секоја чест на Коне за она што го направи, кажа лекарот на Бохемианс, Мартин Вавра.

И така Африканецот спаси нов живот.

-Тој ден можеше да се случи нешто многу лошо. Голманот можеше да почине. Но знаев што треба да правам, веќе сум го правел тоа, раскажува Коне, кој играл за клубови во шест различни земји.

На 18 години пристигнал на Тајланд. Во текот на вежбите во теретана, негов соиграч паднал во несвест. Коне експресно реагирал и му го спасил животот.

-И тогаш ме гризна, но нема врска, вели Коне и продолжува.

-Втората таква ситуација ја имав во Африка. Пријател ме замоли да играм за нив во пријателски натпревар. Играчот се судри со голманот и остана да лежи. Тогаш ми беше најтешко. Играчот беше во несвест, телото му се згрчи и ми беше тешко да му ја отворам устат и  да му осигурам проодни дишни патишта. Успеав додека го држеа останатите играчи, лекарите и тренерите, вели Коне и додава.

-Третиот пат беше исто така во Африка, пред можеби две години. Кога тоа се случи прв пат, не сакав да и кажам на мајка ми, зада не ја уплашам. Кај втората ситуација и кажав што сум направил. Таа ми одговори: Браво, сине! Не можеш да чекаш некој друг тоа да го направи. Никогаш не го врти грбот кога такво нешто ќе се случи, изјави Коне.

Мајката Акуџи Јавави Викторине и таткото на Коне, Махаман, го гледале натпреварот во кој нивниот син го спаси животот на голманот Берковец. Веќе се навикнати на тоа.

-Не можеме од дома да излеземе, а некој да не не застана и да зборува за тоа. Горди сме на својот син, велат родителите.