Спасено момче кое се давело во Охридско езеро

16-годишно момче од Неготино е спасено од давање денеска околу 16.30 часот во Охридско езеро. Момчето имало среќа затоа што во близина тренирал тим на Дирекцијата за заштита и спасување.
Како што информираат од таму настанот се случил на плажата К`ј Дивоно кога е забележано момчето како се дави.
„Според информациите добиени од терен се работи за 16 годишно момче од Неготино кое пливало заедно со другарите и помалиот брат. Се уште не е позната причината поради која дошло до давење, бидејќи момчето во моментот на спасување се до превземање од страна на екипата на Брзата помош било во бессознание. Од моментот на извлекување од езерото, па се до предавање на Брзата Помош, тимот на ДЗС му давала прва помош и реанимација на давеникот. Во акцијата учествуваше и екипа на Црвениот крст,заедно со сопственикот на плажата и неговиот братучед“, велат од Дирекцијата.
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
