Балкан
11. September 2016 - 9:51

Спасени 2.300 мигранти во Средоземно Море

Спасувачките екипи во текот на вчерашниот ден успеале да спасат 2.300 мигранти во 18 операции во Средоземното Море, координирани од италијанската крајбрежна стража.

Во операцијата учествувале еден шпански брод, кој припаѓа на поморските сили на ЕУ, брод на ирската морнарица, како и бродови на четири невладини организации.

Италијанската крајбрежна стража не објави од каде се спасените миргранти.