Спасен повреден планинар кај кичевско Лавчани
Повреден планинар вчера попладне бил спасен над кичевското село Лавчани, на местото Два Камења.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), вчера попладне имало координирана спасувачка акција на институциите и службите од Системот за управување со кизи и локално население за спасување и извлекување повреден планинар на непристапен терен.
Преку бројот за итни случаи 112 во ЦУК вчера, во 14:12 часот, била добиена пријава за повреден планинар со скршеници на ногата, од локација над село Лавчани, поточно на местото Два Камења во Општина Кичево, по што координирата акција почнала.
Лицето се наоѓало на непристапен терен. Поради непристапноста на теренот и неможноста за пристап за моторно возило, повреденото лице било преземено и пренесено од локалното население со коњ до селото Лавчани, каде итната медицинска помош и ПС Кичево го преземале повреденото лице и потоа го пренеле до Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид.
Ново на Сител
-
Тешко повреден работник во каменолом во Росоманско
-
Словаците повторно на протест бараат оставка од Фицо
-
Аморим: Рашфорд не го исполнуваше тоа што го барав
-
Ангеловска-Бежоска: Девизните резерви растат и се повисоки во споредба со периодот пред пандемијата
-
Осомничен за држење автоматска пушка под истрага на ОЈО Струга
-
Пријави за поставени бомби, пожари и прекин на железнички сообраќај, меѓу вчерашните јавувања на 112
-
Утрово насекаде минусни температути, најстудено во Берово -9
-
„Џо, отпуштен си“ - објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации