Спајдермен се појавил на погреб на детето - Сите се расплакале кога ја симнал маската!
На почетокот од месецот преплашената мајка пријавила дека исчезнало нејзиното дете по име Џошуа.
Неколку минути подоцна, откриено било незамисливото. Џошуа се удавил во базенот позади својата куќа во Форт Ворт, Тексас, пишува Little Things.
Полицаецот Дамон Кол бил првиот кој одговорил на повикот. Го пронашол Џошуа, го извлекол од водата и направил се за да го спаси детскиот живот.
Од трагедијата, не поминува ден без да се потсети полицаецот Кол на Џошуа.
Кога полицаецот го извлекол Џошуа од базенот, приметил дека детето носи маица Спајдермен и тренерки. Не е чудно што Спајдермен бил омилениот суперхерој на Џошуа..
Пред погребот на детето, неговото семејство побарало од полицаецот Кол, кој планирал да се појави таму, да направи нешто посебно во чест на детето. Нешто за што би знаеле дека ќе го напарави нивниот син Џошуа среќен на небото. А полицаецот со чест прифатил. На погребот се појавил облечен како Спајдермен.
Полицаецот Кол иначе ги посетува болниците каде се децата кои бледуваат од рак во костими на суперхерои, за барем малку да ги развесели.
Џошуа исто така бил погребан во неговиот Спајдермен костим.
Ново на Сител
-
Јавниот градски автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред
-
Премиерот Мицкоски во посета на РЕК „Битола“
-
Аргентинскиот претседател Милеи нападнат со камења на предизборен митинг
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111