Спорт плус
29. July 2017 - 11:35

СП ватерполо: Златниот медал за Американките

Женската ватерполо репрезентација на САД го освои петтиот златен медал на Светските првенства откако синоќа во финалето ја победи Шпанија со 13:6 (2-1, 3-2, 5-2, 3-1). Својата доминација Американките ја остварија во второто полувреме од финалето, кое го добија со 8:3.
Во дуелот за третото место селекцијата на Русија ја победи Канада со 11:9 (3-3, 4-2, 2-2, 2-2). 
Признанието МВП на шампионатот и припадна на Американката Медлине Маселман, а најдобар стрелец е Роберта Бјанкони од Италија со 20 голови.
Вечерва од 20:30 часот е машкото финале меѓу Хрватска и Унгарија, а од 15 часот е дуелот за третото место меѓу Србија и Грција.