Loading Video...
Ракомет
14. August 2019 - 19:44

СП У-19: Португалија предзвик за избраниците на Брестовац

Вечерва во спортската сала Борис Трајковски македонската ракометна кадетска селекција го игра најважниот натпревар  на СП што се игра во нашиот главен град. Противник во осминафиналето  селекцијата на Португалија.

                Иако избраниците на Данило Брестовац во групната фаза не потврдија квалитет со кој можат да бидат хит на првенството сепак можат да го поправат впечатокот против најголемото изненадување  Португалија, селекција која во групата ги оствари сите победи совладувајќи го и големиот фаворит Германија.

                Португалците на шампионатот дојдоа со Вајл-карта и затоа нивниот успех е за почит.  На спротивната страна нашата репрезентација  жедна за докажување може да добие многу  вечерва и со поддршка на публиката да направи чекор повеќе од планираното а тоа е пласман во четвртфиналната фаза.

                Натпреварот се игра со почеток во 20.45ч.

                Во досега завршените средби  Унгарија ја елиминира Хрватска со 27-23 додека Исланд беше подобар од Јапонија со 39-34.  Германците ја потврдија својата класа со триумф над Аргентина со 33-25 исто како и Египет кој немаше проблеми со Словенија и забележа победа од 30-23.