Loading Video...
Ракомет
15. August 2019 - 19:50

СП У-19: Македонија 13-та во светот

Заврши мундијалот за  кадетската ракометна репрезентација која попладнево ја совлада Аргентина за освојување на 13-тото место на првенството.  

          Ова воедно беше реванш за гаучосите кои не изненадија на стартот на мундијалот. Победата од 29-26 го потврди потенцијалот на оваа генерација ракометари која вистинската шанса за потврда ја пропушти вчера против Португалија.

          Македонија доминираше уште од самиот почеток на натпреварот и поведе со 5 голови разлика која до крајот на првиот дел ја искачи на 15-8.

          Сепак иако во еден момент имавме дури 9 голвои предност дозволивме во финишот Аргентина да го ублажи поразот.  На оваа средба се истакна Симоноски со 9 погодоци додека Младеновиќ беше стрелец на 6.

          Со ова заврши првиот мундијалски настап на Македонија која од Б – дивизијата го обезбеди учеството како домаќин. Иако повеќе се очекуваше пред домашната публика сепак завршивме со три победи против Нигерија, Бахреин и Аргентина додека загубивме токму од Аргентина на стартот, Данска, Јапонија и во осминафиналето од Португалија.